Насловна / Архитектура / Место кое ќе им помогне на странците да погледнат во себе

Место кое ќе им помогне на странците да погледнат во себе

За овој проект во селото Xiyaotou, Кина архитектот од бирото Wutopia Lab вели: „Се соочив со мојот идентитет како странец во село и изразив едноставен и директен гест за тоа како да се разбере или промени локалниот пејзаж или да се активира локалниот живот како странец. Малку е избрзано, но ги сметам локалните жители и странци за рамноправни. Па така, овој проект за сместување го нареков „Странци“.

6_resize

8_resize

Проектот се заснова на антрополошко размислување. Проектантот забележал дека поранешните живеалишта во селото Xiyaotou се опкружени со непрекинати sидови. Проектот е само потенцирање на оваа традиција. Селото е општество на познаници, дури и да има високи sидови меѓу домаќинствата, тие не можат да ги спречат озборувањата. Но, како домаќин кој прима аутсајдери (странци) од селото, чувството на сигурност на странецот понекогаш треба да се создаде во затворено опкружување и треба да создаде самоодржување. Така, проектантот го подигнал ѕидот на 7 метри за да создаде слика за целосна независност. Овој ѕид, кој луѓето можат да го толкуваа различно, на крајот можат да го прифатат.

1_resize

2_resize

11_resize

Затворена куќа, континуирани високи ѕидови ги отфрлаат погледите и угодноста на комуникацијата. Целта е да се создаде место кое ќе им помогне на странците да погледнат внатре во себе.

3_resize

4_resize

Повеќето луѓе претстојуваат на село на краток период на релаксација. Понекогаш се сведува на само визуелна релаксација. Пејзажите на Xiyaotou се рустикални. Архитектот вели: „Проектирав според мое искуство. Кога минував низ тежок период во животот, затворањето на визијата ми беше привлечно и криењето во засолниште ми стана мошне привлечно. Се потсетувам дека многу кинески и странски историски личности, исто така, станале посилни додека биле во егзил. Се надевам дека бегајќи од светот, странците кои доаѓаат во ова село ќе можат да најдат место за дишење. Во овој простор кој го отфрла погледот, психологијата на самопрогонство се користи за да се овозможи поглед внатре во себе, поглед на релаксација и да се влее доверба во иднината“.

13_resize

12_resize

9_resize

15_resize

14_resize

10_resize

16_resize

5_resize

01_resize

18_resize

17_resize

Испрати коментар

Scroll To Top