Насловна / Архитектура / Музејот во Рио на Diller Scofidio + Renfro ќе продолжи со изградба по петгодишен застој

Музејот во Рио на Diller Scofidio + Renfro ќе продолжи со изградба по петгодишен застој

Пол Клеменс е американско – бразилски фото-уметник, фокусиран на регистрирање на експресивната страна на изградената средина, особено архитектурата. Тој го фотографирал напредокот на изградбата на Мuseum of image and sound (MIS) во Рио де Жанеиро, проект на бирото Diller Scofidio + Renfro. Фотографиите го прикажуваат музејот во сегашната состојба, со околу 70 отсто од работите на конструкцијата веќе завршени. Првите визуелизации на објектот беа претставени во 2009 година, а изградбата на зградата започна во 2014 година, но од 2016 година работите застанаа.

1_resize

Фотографиите на Пол Клименс доаѓаат кратко време по новите планови за завршување на проектот по петгодишниот застој. На 7 јули 2021 година беше објавено дека изградбата конечно ќе продолжи. Завршувањето се очекува до декември 2022 година со јавно отворање на почетокот на 2023 година.

2_resize

3_resize

Гувернерот на Рио, Клаудио Кастро најави: „Голема радост е да се најави продолжување на работите на MIS на симболичен датум. Инспириран од свиоците на шеталиштето во соседството, музејот ќе стане уште едно туристичко место на една од најпознатите светски разгледници. Ова дело е уште една од акциите и проектите за закрепнување на туризмот и универзализација на културата. Рио де Жанеиро треба да се врати на улогата на протагонист која ја имал отсекогаш “.

6_resize

Меѓутоа, бразилската влада наложи до крајот на јули, средствата собрани за проектот од фондацијата Roberto Marinho да се вратат во државниот национален фонд за култура. Финансирањето e дојдено главно преку приватни компании поттикнати од бразилскиот закон, кој нуди даночни олеснувања за поттикнување инвестиции во уметноста и културата.

10_resize

9_resize

Американското биро Diller Scofidio + Renfro беше избрано да го води проектот во 2009 година, откако победи на конкурс во кој учествуваа значајни архитектонски фирми од целиот свет. Програмата вклучува долгорочни и краткорочни изложбени сали, истражувачки капацитети, административни и образовни простории, театар-кино со 280 места, кафетерија, панорамски ресторан и бар.

8_resize

Архитектурата на музејот ја има плажата Копакабана како своја инспирација: крајбрежјето,  планините и карактеристичното шеталиште проектирано од Roberto Burle Marx. Шеталиштето го доловува клучниот елемент на плажата – простор за јавноста за движење – пеш, со велосипед и автомобил. Зградата е замислена како продолжение на булеварот, истегната вертикално во музеј. „Вертикалниот булевар“ настојува кон инклузивност: нежни премини внатре и надвор, простори и испусти за да се направат галерии, образовни програми, простори за одмор и забава.

11_resize

Зградата наследува ДНК на Burle Marx, но радикално ја пренасочува неговата јавна површина по вертикала во фасада на новиот музеј. Вертикалниот тек на циркулацијата ја поврзува улицата со забавните програми на зградата. Музејот исто така е замислен и како инструмент за набљудување на градот на нов начин. Панорамскиот поглед, претерано изложен на туристите во хотелите и рестораните на плажата Копакабана е можеби централната слика. Преку врамени стратегии, обвивката на MIS го уредува овој поглед за посетителите кои се движат низ галериите.

7_resize

Испрати коментар

Scroll To Top