Насловна / Вести / Boeing 747 Supertanker: Зошто најголемиот противпожарен авион во светот е приземјен?

Boeing 747 Supertanker: Зошто најголемиот противпожарен авион во светот е приземјен?

Во период кога шумските пожари беснеат во бројни региони, особено во југоисточна Европа и САД, глобалната противпожарна заедница сериозно се потпира на специјализираните авиони за гасење пожар. Но, еден голем авион од ваков тип за жал веќе не се користи. Станува збор за моделот Boeing 747 Supertanker, чие отсуство е огромна загуба во борбата против пожарите. Овој авион е приземјен во април годинава. Произведен во САД, тој има капацитет од 19.000 галони вода (72 тона), и влегува во историјата како најголем противпожарен авион на светот.

firefighter1

firefighter2

 

За споредба, неговиот капацитет е речиси двојно поголем од наредниот по големина противпожарен авион со капацитет од 9400 галони. Токму ваквиот капацитет овозможува висока ефикасност и безбедност на акциите за гасење на пожари, и со мала флота. Само во минатата година, Boeing 747 Supertanker имал 119 летови. Со оглед дека тој може да стигне до било која точка на светот за помалку од 20 часа и може да слета на било кој аеродром со писта долга 2400 метри, авионот имал бројни интернационални мисии – Израел, Чиле, Боливија и бил особено успешен во справувањето со пожарите во Амазонија во 2019 година.

firefighter3

За жал причините поради кои овој авион е приземјен имаат врска со високите оперативни трошоци. Одржувањето во кондиција на најголемиот модел на противпожарен авион секако барало нови инвестиции кои според директорот на компанијата која е сопственик на Global Supertanker Services, не било можно да се реализираат во услови на договор за ангажирање „на повик“.

firefighter4

 

Испрати коментар

Scroll To Top