Насловна / Арт и дизајн / Никогаш не сте виделе вакви „ранети“ згради

Никогаш не сте виделе вакви „ранети“ згради

ЈР е француски уметник чиј стил е мешавина од фотографија, графити и филм. Резултатот се монументални илузионистички дела на јавна уметност во градовите низ целиот свет, преку фавели во Рио де Жанеиро до Лувр, Њујорк, Италија. На овој начин, уметноста на овој познат стрит арт уметник е достапна и за онаа публика која не припаѓаат на туристите кои посетуваат музеи на нивните патувања.

1

Строци во Фиренца

„Рана“ (La ferita на италијански), висока 28 метри и широка 33, се појави во март на палатата Строци во Фиренца, збунувајќи ги и воодушевувајќи ги граѓаните кои не знаеја дали навистина гледаат во пукнатина на зградата или станува збор за фантастична илузија.

Уметникот ЈР ја „рани“ зграда која е симбол на Фирентинската ренесанса во желба да го понуди својот поглед на културата за време на епидемијата на Ковид 19. Единаесет работници работеле на ова дело два месеци, а минувачите не знаеле дека тука ќе се појави „site specific“ дело на еден од најпознатите современи уметници.

2

Строци во Фиренца

Реализирано е со помош на 80 огромни фотографии кои се отпечатени на алуминиумски панели и претставуваат фотомонтажа од огромни размери. Благодарение на тоа, минувачите имаат впечаток дека можат да ѕирнат во внатрешноста на зградата.

Палатата Строци, како и многу музеи и други места посветени на културата, остана затворена за време на пандемијата. Ова дело е дел од изложбата „Palazzo Strozzi Future Art“ и може да се посети до 29 август.

3

Фарнесе, Рим

Огромна пукнатина наречена Punto di fuga (Место на бегство) се појави исто така и во Рим на зградата Фарнесе, која е седиште на француската амбасада. Огромен мурал кој прикажува процеп во ѕидот зад кој, навидум може да се види, што се крие зад ѕидовите на зградата ги воодушеви туристите во главниот град, кои овие денови полека почнуваат да се враќаат во Италија, иако во мал број.

4

Фарнесе, Рим

ЈР ги објавува своите дела на Инстаграм за сите љубители на неговата уметност кои се уште не можат да им се восхитуваат во живо. Неговите дела укажуваат токму на состојбата во уметноста денес, што всушност таа претставува во еден ранет свет и дали животот некогаш ќе се врати на она што беше некогаш.

Испрати коментар

Scroll To Top