Насловна / Вести / Изградбата на новиот мост на булеварот АСНОМ во Аеродром е во полн ек

Изградбата на новиот мост на булеварот АСНОМ во Аеродром е во полн ек

Изградбата на новиот мост на реката Вардар во Аеродром, на булеварот АСНОМ, е во полн ек, соопштуваат градските власти. Општините Аеродром, Гази Баба и Центар наскоро ќе бидат поврзани со нов мост и модерно булеварско решение што ќе го релаксира сообраќајот во овој дел од Скопје. Пред неколку дена булеварот АСНОМ почна да се гради и пробива и низ населбата Ќерамидница, кон Аеродром.

most

Новиот премин преку Вардар ќе ги поврзе улицата Васко Карангелевски во Аеродром со улицата Индустриска во населбата Ќерамидница, во Гази Баба. Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри. Самиот мост ќе биде долг 150 метри, со шест коловозни ленти, како и велосипедски и пешачки патеки од двете страни.

По изградбата на новиот мост и пробивањето на новиот коридор, граѓаните од Ново Лисиче до Судска палата со автомобил ќе стигнуваат за пет минути, со автобус за 10 минути, со велосипед за 18 минути, а со пешачење за 35 минути. По овој мост ќе сообраќаат и нови автобуски линии кои дополнително ќе го намалат сообраќајниот метеж.

most1

Пред неколку дена, булеварот АСНОМ почна да се гради и пробива и низ населбата Ќерамидница, кон Аеродром. Третата и последна фаза од изградбата на новиот булевар АСНОМ опфаќа изградба на булевар на потегот од крстосницата со булеварот Гоце Делчев до објектот на поранешен Пролетер во населбата Ќерамидница. Согласно со проектот, оваа фаза опфаќа реконструкција и изградба на дел од булеварот во должина од 317 метри. Реализацијата на овој проект и градежните работи ќе се одвиваат согласно со динамиката на експропријацијата на имотите кои се на неговата траса.

И во овој дел е предвидено модерно булеварско решение со по три коловозни ленти во двата правци, странично и средишно зеленило, пешачки и велосипедски патеки и модерно ЛЕД осветлување.

most2

Испрати коментар

Scroll To Top