Проектот е на архитектонското студио Gisele Taranto Arquitetura, кои со реновирање на стара колонијална куќа го реализирале проектот за куќата Темпо. Архитектите ја задржале егзотичната диемнзија на природата, растенијата и дрвјата што се во постојана врска како со надворешноста така и со самиот ентериер. Поделена на два блока, куќата ги вклучува и програмите за релаксација како спа, домашно кино, внатрешен двор како и базен. Оваа куќа претсавува вистинско место за уживање.