Официјалните лица на Олимпијадата ги повикаа јапонските архитекти и уметници да дизајнираат девет павилјони поставени околу Олимпискиот стадион на Кенго Кума.
На иницијативата одговориле славни имиња како што се Kazuyo Sejima, Sou Fujimoto, Junya Ishigami, Yayoi Kusama, Terunobu Fujimori, како и уметниците Makoto Aida i Daito Manabe + Rhizomatiks.
Akihisa Hirata
Од пејзажи до плоштади
Тие осмислиле интервенции во урбаниот пејзаж кои го илустрираат разиграното завземање на јавниот простор. Од павилјони во форма на тенка кривулеста водена површината во градина, преку лебдечки бели облаци и улични театри, овие инсталации ги украсуваат јавните простори во Токио на најдобар можен начин.
Kazuyo Sejima & Associates
Kazuyo Sejiman дизајнирал тенок воден тек кој минува низ градината Hamarikyu у, во кој се рефлектира небото, како и растенијата поставени внатре во каналот, со што се надополнува спокојната атмосфера на околината, пишува ArchDaily.
Sou Fujimoto
Sou Fujimoto го потпишува проектот во форма на облаци, додека Yayoi Kusama креира потполно бел ентериер на кој ќе му дадат карактер налепници поставени од страна на посетителите.
Yayoi Kusama
Чајџилница од јагленисан кедар
Чајџилницата „Go-an“, која ја проектирал архитектот Terunobu Fujimori, прикажува низа наговестувања на традиционалната јапонска архитектура, реинтерпретирајќо врати кои може да се видат во традиционалните соби за чај, а во проектот е користен јагленисан кедар.
Terunobu Fujimori
Akihisa Hirata дизајнирал голема структура во форма на чинија, која ја симболизира симбиозата на општеството и различните народи кои дојдоа на Олимписките игри.
Akihisa Hirata
Уличниот театар, дело на уметникот Teppei Fujiwara, пружа уште една можност за интеракција на луѓето во јавен простор.
Уметникот Daito Manabe, заедно со Rhizomatiks, дизајнираа приказ на Токио користејќи вештачка интелигенција и податоци кои се собрани за време на пандемијата.
Павилјоните ќе бидат изложени за јавноста до 5 септември, односно уште еден месец по завршувањето на Олимписките игри.
Teppei Fujiwara
Daito Manabe