Израелскиот дизајнер Arik Levy во новата колекција на тавански светилки си игра со идеите за спротивставените односи меѓу природата и човекот, светлината и сјајот, волуменот и проѕирноста.
Проѕирните светилки Crystal Rock се дизајнирани во форма на камења со јасни и остри линии кои играат со светлосните зраци. Така, светилките обезбедуваат мека светлина во текот на денот, а динамично осветлување во ноќните часови. Малите светилки во внатрешноста на кристалните конструкции ја истакнуваат формата на „каменот“ од внатре, додека различните бои на стаклото даваат длабочина на целата идеја. Светилките висат од таванот со помош на тенки жици кои како да исчезнуваат во ентериерот, и се чини како проѕирните „камења“ самостојно да лебдат во просторот.