Ова дрво секвоја, позната под името Хиперион се наоѓа во Националниот парк Редвуд во Калифорнија, но точната локација се чува во тајност, за дрвото да биде заштитено од злонамерни луѓе.
Хиперионот е откриен на 25 август 2006 година од научниците Крис Аткинс и Мајкл Тејлор во многу зафрлен дел од Националниот и државниот парк Редвуд во Калифорнија. Се верува дека е старо околу 700-800 години.
За да можат да ја измерат висината на Хиперионот, научниците морале, со многу комплициран метод да се искачат на самиот врв на дрвото и да спуштат јаже на земја. На овој начин измерено е дека Хиперион е висок 115,61 метар, што му донесе титула на највисоко дрво во светот.
Истражувачите веруваат дека дрвото би можело да биде и повисоко од 116 метри, но поради штетата што ја направиле клукајдрвците на неговиот врв, во моментов е запрено на 115,6 метри.
Иако неколку други дрвја биле повисоки од овој џин, повеќето биле жртви на уништувањето на шумите во регионот Редвуд во средината на 1960-тите. Всушност, повеќе од 90% од древните шуми на државата биле исечени до 1978 година, кога просторот е купен и припоен кон Националниот парк. Луѓето тврдат дека илјадници дрвја – од кои некои биле поголеми и повисоки од Хиперион – биле исечени за време на 24-часовна промена на пилите, седум дена во неделата од 1960 до 1970-тите години.