Насловна / Градежништво / Започна изградбата на подводниот тунел „Евроазија“

Започна изградбата на подводниот тунел „Евроазија“

Istambul_and_Bosporus_big
Во азискиот дел на Истанбул се одржа церемонијата на отпочнување на изведбата на тунелот  што  ќе го намали времето за преминување преку Босфорот, од сегашните 100 на само 15 минути. Планирано е во текот на изградбата дневно да се пробиваат по 10 метри.

Тунелот ќе биде со должина од 14,6 километри и низ него ќе може да минуваат само автомобили и минибуси, додека движењето на камиони, мотоцилки, велосипеди и пешаци нема да биде дозволено.
Во светот тунели од ваков вид има уште во Њујорк (четири), и по еден во Малезија и Франција.

Испрати коментар

Scroll To Top