Насловна / Арт и дизајн / Легален ѕид #1 со порака за солидарност, како сеќавање на земјотресот во Скопје

Легален ѕид #1 со порака за солидарност, како сеќавање на земјотресот во Скопје

Домашни уметници викендов го подновија Скопје со графити на тема „Солидарност“. Преку нивната уметност тие упатија порака за солидарност, како сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје.

3_resize

Акцијата, организирана од Град Скопје, а во соработка со Младинскиот културен центар, ги здружи графити артистите Ертунч Сали, Давор Кешкец, Марко Вујисиќ, Драган Китановски – Драж, Дејан Давчевски, Блаже Атанасков и Ермаљ Криезиу.

7_resize

Тие цртаа на Легален ѕид #1, потпорниот ѕид на улица „Војвода Васил Чакаларов“ (Адолф Циборовски). Тое е еден од двата легални ѕида/Legal Walls за слободно користење од уличните уметници, кои ги доби Скопје минатата недела.

2_resize

4_resize

5_resize

6_resize

8_resize

 

Испрати коментар

Scroll To Top