Насловна / Вести / Србија: TE – TO Панчево од 200MW, наскоро во погон

Србија: TE – TO Панчево од 200MW, наскоро во погон

Изградбата на гасната централа за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија ТЕ – ТО Панчево, со инсталирана моќност од 200MW, е веќе во завршна фаза и се очекува од 1-ви октомври да започне со пробна работа. По завршување на сите потребни испитувања, согласно протоколите, за брзо време оваа електрана ќе биде пуштена во редовен погон. Станува збор за инвестиција која е реализирана во соработка со компанијата Shanghai Electric од Кина како изведувач. Од Владата на Србија не ја исклучуваат можноста за продолжување на соработката со оваа компанија на други слични проекти во земјата. Србија и Кина соработуваат на бројни инфраструктурни проекти, чија вредност се проценува на вкупно 15 милијарди евра. Инвестицијата е joint venture помеѓу српската енергетска компанија NIS и руската Газпром Енергхолдинг. Електраната е изградена во склоп на рафинеријата во Панчево.

pancevo2

pancevo3

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top