Не така одамна, компјутерите беа во домен само на програмерите. Кога машините преминаа во нашите домови, требаше да станат достапни и лесни за употреба. Им требаше нов визуелен јазик кој ќе го разберат масите.
Секојдневно наидуваме на стотици икони и дизајни на нашите компјутери и мобилни телефони и создадовме очекување за исклучителни графики на нашите уреди Но, да научиме како се случи ова.
Susan Kare. Steve Jobs, 1983
Во 1984 година, Стив Џобс му го претставил на светот компјутерот Macintosh Apple II. Посакувал да биде достапна и корисна машина. Сузан Кер била младата уметница во неговиот тим која со генијалност и вештина, создала едноставни и ефектни симболи кои помогнале во управување со десктопот и интеракција со новиот компјутер.
Во 1982 година, Сузан Кер (родена во Итака, Њујорк, 1954 година) била докторант доктор по уметност и работела во Музејот за ликовни уметности во Сан Франциско, кога нејзиниот стар пријател Енди Херцфелд и кажал за можноста да се приклучи на тимот на развивачи на интерфејс во Apple.
Без искуство во оваа област (како што тогаш никој и немал), Сузан се вооружила со книги за типографија за да отиде на интервјуто, а од нив нешто да научи. Недостаток на компјутерско знаење одел во нејзина корист. Накратко за Apple Mac било важно дека секој треба да биде во можност да го користи без потреба од прирачник. Тимот тргна да создаде револуционерен начин за интеракција со компјутер преку точка и клик. Тимот тргнал во создавање револуционерен начин на интеракција со компјутер, преку точка и клик.
Susan Kare. 1984 A-Z
Инспирација
Сузан требала да создаде икони кои се пријателски, пријатни,поврзани, јасни, концизни и незаборавни. Инспирацијата ја црпела од многу извори, како што се историја на уметност, хиероглифи, мозаици и гаџети. Нејзината мајка ја учела Сузан уште како дете на занаети. Везењето и ракување со игла биле совршена аналогна верзија на дигиталните бит мапи. Сузан го префрлила дизајнпот на стилови вкрстувајќи го со графичка хартија и повторно создала икони на екранот на пиксели.
За инспирација, Сузан користела и книга за симболи. Наишла на необичен симбол од шведската сигнализација за патишта, кој означува „место на интерес“ и го искористила за иконата Команда.
Susan Kare. Archive at MoMA.org
Susan Kare. Command icon
Пионер во пикселската уметност
Работела на медиум кој имал неколку ограничувања – пиксели 72 со 72 бита – Сузан работела со овие ограничувања и станала пионер во пикселската уметност. Нејзината најпозната икона Happy Mac ги пречекала корисниците низ целиот свет со насмевка додека чекале да се вчита оперативниот систем.
Susan Kare. Happy Mac icon
Еден од нејзините ликови, Clarus The Dogcow е култен, има следбеници и е најпродаван на нејзината веб страница со графики. Ажурираните верзиии на нејзините изворни симболи за цртање, како Lasso, Grabber и Paint Bucket, и понатаму секојдневно се користат во програмите за графички дизајн.
usan Kare. Clarus, the Dogcow
Typeface
Сузан ги дизајнирала Geneva, New York и Monaco typefaces и најзначајниот класик, Chicago typeface, кој беше дел од идентитетот на брендот Apple до 1997 година и се користеше во четири генерации на Apple iPod интерфејсот.
Susan Kare. Control Panel
По Apple
Сузан Кер ја продолжува својата плодна кариера откако го напуштила Apple и работела за Microsoft 3.0. Со појавата на боите, ги креирала дизајните за Windows Solitaire, опишан како „најпопуларната алатка за одлвлекување на интернет пред појавата на социјалните мрежи“.
Подоцна се приклучила на тимот на Facebook и била задолжена за дизајнирање на многу популарните 64×64 Virtual Gifts. Од 2015 година, шеф е на Дизајн на производи во Pinterest, создавајќи графички јазик за популарната заедница ‘pinning’.
Во 2015 година, Музејот на модерна уметност – МоМА, Њујорк ги прикажа прелиминарните студии на Сузан за иконите за графички кориснички интерфејс.
Со ваква пионерска и иконична кариера, не е изненадување што Сузан Кер доби медал на Американскиот институт за графички уметности во 2018 година, и беше наградена со Национална награда за дизајн за животно дело во октомври 2019 година.