Насловна / Вести / Словенија издаде согласност за изградба на нова нуклеарка

Словенија издаде согласност за изградба на нова нуклеарка

Словенечката влада издала енергетска дозвола за планирање и изградба на втор блок во нуклеарната електрана (НЕ) „Кршко“. Тоа е почеток на долгогодишниот процес во кој за тој проект ќе се бара и широка општествена согласност. Енергетската дозвола и е издадена на компанијата GEN-I (државна компанија која управува со словенечкиот удел во кршката нуклеарка), што е само прв чекор за низата потребни управни дозволи за таа планирана инвестиција. Енергетската дозвола предвидува изградба на нуклеарка од третата генерација со реактор (light water reactor) со моќност од 1100 MW, и планирано годишно производство на електрична енергија од речиси 9.000 MWh. предвидениот животен век на нуклеарка од таков тип е 60 години, има највисок сигурносен стандард и флексибилен начин на работа, бидејќи капацитетот и се прилагодува на потребите на електроенергетскиот систем. Грубата проеценка е дека ќе чини околу 5 милијарди евра, а инвестицијата ќе ја финансира GEN-I преку сопствени средства, кредити и обврзници, но не се исклучува и можноста за учество на други партнери во проектот.

krsko1

krsko2

 

Изградбата на овој втор блок е веќе предвидена во националните долгорочни планови, бидејќи со тоа Словенија би обезбедила исполнување на европските критериуми за постигнување на климатска неутралност, би се намалил уделот на фосилни горива во производството на електрична енергија, како и зависноста од увоз на енергија. Електроенергетскиот систем би станал поробусен, а така би се овозможило вклопување во амбициозниот план на Европската комисија за брзо намалување на користењето на фосилни горива. Со ова во словенија веќе е отворена широка јавна расправа за „поширока согласност за продолжување на користењето на нуклеарна енергија во земјата“. Владата сака да го води проектот целосно транспарентно, бидејќи тој е премногу важен за да го препушти на интересните групи. Словенија веќе има кадар и знаење за овие технологии.

Испрати коментар

Scroll To Top