Насловна / Архитектура / Новата највисока зграда во Бруклин е инспирирана од локалната архитектура

Новата највисока зграда во Бруклин е инспирирана од локалната архитектура

Објектот 9 DeKalb, кој во моментов е во изградба во Бруклин, веќе ја надмина постојната највисока зграда во овој дел на Њујорк.

4_resize

Супервисокиот облакодер од 93 ката, проект на ShoP Architects, во моментов е во фаза на изградба и минатата недела достигна висина од 220 метри, престигнувајќи ја Brooklyn Point (219 метри) кој досега го држеше рекордот во Бруклин. Кога ќе биде завршен, овој облакодер ќе биде значително повисок, со планираните 325 метри, и ќе стане првата супервисока зграда во Њујорк која не се наоѓа на Менхетен, пишува Dezeen.

5_resize

Новиот облакодер ќе го красат елементи од бронза, челик и камен и во поглед на материјализацијата ќе биде во склад со својот постар сосед.

Терминот супервисок облакодер се однесува на структури високи меѓу 300 и 600 метри, а 9 DeKalb јасно ќе ја потврди својата титула откако ќе биде завршен.

1_resize

ShoP Architects за време на проектирањето биле насочени на дизајнот на соседната култна зграда Brooklyn Dime Savings Bank од 1906 година, проектирана од архитектите Mowbray и Uffinger, која со текот на времето е претворена во трговски центар.

6_resize

Новиот облакодер ќе го красат елементи од бронза, челик и камен, и во однос на материјализацијата ќе биде во согласност со неговиот постар сосед.

Зградата главно ќе биде со станбена функција, со комбинација на станови за продажба и станови за изнајмување.

Изградбата на облакодерот ја инвестираше JDS Development Group, а планирано е завршување на работите во 2022 година.

7_resize

Во Њујорк во моментов се градат неколку супервисоки облакодери, вклучувајќи и друга кула за која проектот го потпишува ShoP Architects, а инвеститор е повторно JDS Development Group. Објектот наречен 111 West 57th Street има планирана висина од 433 метри, а односот на висина и ширина ќе биде 24: 1.

Испрати коментар

Scroll To Top