Насловна / Вести / Владата на Србија основаше совет за алтернатива на термоелектраните до 2050 година и декарбонизација

Владата на Србија основаше совет за алтернатива на термоелектраните до 2050 година и декарбонизација

Владата на Србија донесе одлука за формирање на Совет за давање предлози и мислења во врска со работата на термоелектраните и заменските капацитети од други извори на енергија до 2050 година. После одлуката на Министерството за рударство и енергетика да ја запре изградбата на термоелектраната на јаглен „Колубара Б“, ова е уште една одлука во правец на декарбонизација на енергетскиот сектор. Термоцентралите на јаглен во склоп на „Електропривреда Србије“ (ЕПС), произведуваат околу 2/3 од електричната енергија во Србија. Советот ќе работи на анализа на можни мерки и активности со цел спроведување на декарбонизацијата, анализа и ревитализација на постоечките електрани во насока на обезбедување на одржлив начин на производство на електрична енергија. Претседател на Советот ќе биде Зорана Михајловиќ, министер за рударство и енергетика, а заменик претседател Ирена Вујовиќ, министер за заштита на животната средина. Членови на Советот се и министерот за финансии, претставници на Министерството за стопанство, Српската академија на науки и уметности, Министерството за труд, како и претставници на синдикатите на ЕПС и двајца претставници на граѓанските организации.

T

Srbijavlada

Испрати коментар

Scroll To Top