Насловна / Вести / И Siemens ќе понуди возови на водород

И Siemens ќе понуди возови на водород

Компанијата Siemens Mobility, дел од групацијата Siemens задолжен за производство на возови и други сообраќајни решенија, на пругите во Баварија и Баден и Виртемберг, ќе спроведува испитувања на своите возови на водород.  За испитувањата во Баварија, кои ќе се спроведуваат на пругата  Augsburg – Füssen, потпишан е договор со баварското Покраинско министерство за стопанство и сообраќај. Испитувањата би требало да започнат во средината на 2022 година, се очекува да траат 30 месеци и ќе се реализираат во соработка со локалниот железнички оператор Bayerische Regiobahn (BRB). Новите возови на водород се развиваат врз основа на постоечките возови од серијата Mireo Plus H. Предвидени се за возење по неелектрифицираните пруги, и со едно полнење ќе имаат домет од 800 km. Главните елементи на погонот и два комплети на горивни ќелии се наоѓаат на покривот. Се очекува возовите да излезат од производните погони и да бидат претставени на пролет 2022 година, а после спроведените испитувања се очекува да тргнат во редовен патнички сообраќај во јануари 2024 година. Но, тоа не е се, бидејќи  Siemens и германскиот железнички оператор Deutsche Bahn (DB), минатата година тргнаа во проект за развој не само на возови на водород, туку и инфраструктура за полнење под името H2goesRail. Испитувањата на таквите решенија ќе биде реализирана на пругите околу градот  Tübingen. Притоа, DB развива нов тип на станици за полнење на возовите со водород, кои ќе овозможат исто време на полнење како и за дизелските возови, односно само  15 min.

siemens1

siemens2

Вкупно во Германија, денес има 2500 дизел-електрични патнички гарнитури, за кои се очекува во наредните децении да бидат заменети со такви возови на водород или батериски возови. Погонот на возовоте на вододрод, Siemens го развива во соработка со познатиот канадски производител на горивни ќелии Ballard Power Systems. Тој проект започнал уште во 2018 година, а во него како истражувачки партнер учествува Рајнско – вестфалиската висока техничка школа во Ахен (RWTH), додека со околу 12 милиони евра во склоп на „Националниата иновациска програма за водород и горивни ќелии“ е поддржан од страна на  Сојузното министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура (BMVI).

siemens3

Испрати коментар

Scroll To Top