Ако мислевте дека белата боја ќе биде катастрофален избор за украсување огромен имот што едноставно ве повикува на дружба и релаксација – вие сте во голема заблуда.
Оваа хациенда наречена е Бела вила токму поради фактот што повеќе би наликувала на некаков бесконечен бел простор, отколку само уште еден имот на северниот брег на Египет.
Благодарение на проектанскиот тим на StyleArchitects, овој имот навистина дава впечаток на беспрекорна елеганција во исто време, без да изгуби ништо од својата удобност. Ако го земеме предвид фактот дека овие креативци се колнат во својата мисија – создавање трајни вредности користејќи ги најмодерните трендови – ќе добиеме слика за модерна, урбана куќа која маѓепсува со својата едноставност.
Скоро сите соби во рамките на оваа вила изгледаат опуштено, пространи се и пред се мултифункционални. Има огромна дневна соба, која може да послужи и како агол за читање и уживање во омилената серија, но може да се претвори и во салон за прием на гости.
Исто така, ја има и пространата тераса која во текот на денот делува како идеално место за бегство од тропските горештини, додека навечер може лесно да се претвори во „продолжена рака“ на простран базен што изгледа како идеално место за организирање летни забави на на отворено.