На конференцијата за арктичката нафта и гас, презентирана е проценката дека рускиот дел од Арктикот крие јаглеводороди во вкупна енергетска вредност од 106 милијарди тони еквиваленти на нафта. Притоа, резервите на гас се проценуваат на 69,6 милијарди m3. Претходните проценки укажуваа на вкупно количество јаглеводороди од 76 милијарди тони еквиваленти на нафта, што претставувало 52% од вкупните резерви на Арктикот, објавува рускиот портал ‘Oil and Gas Eurasia’.