Архитектонското биро со седиште во Пекинг и во Шангај, CLOU architects е проектант на Sanya Farm Lab, мултифункционален изложбен и малопродажен простор со мрежест егзоскелет кој ги замаглува грниците помеѓу внатре и надвор.
Сместен во Nanfan High Tech District of Sanya – најјужниот град на тропскиот остров Hainan во Кина, објектот е изработен од длабоки мрежести модули за да се обезбедат климатски услови внатре, притоа обезбедувајќи полупрѕирен изглед однадвор.
Инспириран од традиционалната куќа на Hainan, Sanya Farm Lab настанува како модерна изведба на одамна воспоставениот контекст на архитектурата.
Зафаќајќи површина од 4.000 квадратни метри, објектот е на четири ката и нуди изложбен простор и малопродажни единици како пиво-бар, ресторан, органска фарма, пазар, земјоделска фабрика, бар и кујна.
Sanya Farm Lab се трансформира во средиште за научни истражувања во тропско земјоделство.
Архитектите од CLOU architects настојувале да ги комбинираат климатските карактеристики на регионот, интегрирајќи ги неговите научни и технолошки земјоделски елементи. Како дел од изложбениот центар, земјоделската лабораторија интегрира високотехнолошки достигнувања, како што се земјоделска роботика и вертикално земјоделство во затворено, воведувајќи потполно ново искуство од фарма до маса. Намерата на проектот е да и ги презентира на јавноста технологиите на високо ниво во реално време, нагласувајќи ја еволуцијата на земјоделските технологии развиени во општество и образовниот сектор.
„Локалната влст инвестира во истражувања за промени во животната средина, недостиг на земја, вода и проблеми со производството на храна, како и зголемената побарувачка на желбата на Кинезите од средната класа да се вратат на природата и туризмот во руралните области“, велат архитектите од CLOU.
Комплетирањето на Sanya Farm Lab се заснова на современ еколошки земјоделски приказ и надградба и еволуција на животниот стил. Ги брише традиционалните граници помеѓу природата и градот и го стеснува растојанието помеѓу технологијата и животот.
Другата важна работа е насочена кон преплетените надворешни јавни простории во комбинација со надворешната циркулација. Скулпторски спирални скали доминираат во внатрешноста, додека огромните скали на мултифункционалниот театар ги поврзуваат внатрешните и надворешните области, обезбедувајќи полесна транзиција низ просторите. Решетката на фасада помага природната светлина и вентилацијата да течат низ внатрешноста, намалувајќи ја истовремено апсорпцијата на сончевата светлина за 70 отсто и нуди отворен поглед кон околниот пејзаж.