Архитектонското биро од Глазгов, McGinlay Bell, е проектант на куќата ER Residence сместена во зеленото предградието на градот, наречено Bearsden. Куќата е со низа соби распоредени околу компактни дворови, кои овозможуваат природното опкружување да се протега во внатрешноста.
Тесната праволиниска локација, сместена меѓу постојните куќи поставила неколку предизвици, бидејќи се граничи со патот од предната страна, а од другата страна е обрабена со високи борови дрвја.
Недостатокот на предна градина ги поттикнал архитектите да создадат ѕид од тули кој го дефинира работ на имотот, со простор за паркирање на автомобили пред полн ѕид од тули. Ѕидот од тули обезбедува спалната соба на приземјето да е скриена од патот. Главната спална соба има големи прозорци кои гледаат кон дрвјата.
Намерно домицилна по големината и препознатлива по формата, куќата исто така вклучува повеќе наративи, од градинарски павилјон, до дворна куќа. Дворовите и градинарските простори ги сочинуваат веранда од стакло, дрво и челик, која нуди заедничка точка на ориентација внатре во куќата и чувство на посредување помеѓу внатре и надвор.
„Формата на зградата е внимателно разгледувана за да одговара на пропорциите на соседните згради, додека тулата е избрана за доминантен материјал за да се создаде визуелна кохерентност и чувство на цврстина и долговечност“, велат архитектите и додаваат: „Континуитетот помеѓу архитектурата и пејзажот е темел на нашиот проектантски пристап каде што манипулацијата со материјалноста, масата, светлината и просторот имаат за цел да ја вкоренат зградата во местото, а истовремено удобно да ја сместат во поширок пејзаж“.