Насловна / Архитектура / Минималистичка куќа во Токио со импресивно скулптурно скалило

Минималистичка куќа во Токио со импресивно скулптурно скалило

Со задача да дизајнира дом за две семејства на една локација во Токио, основачот на компанијата Нендо, Оки Сато имал брилијантна идеја како да им обезбеди приватност на сите во еден ист простор за живеење. Имено, тој вовел многу импресивно скулпторско скалило во целата приказна, која не само што ги поврзува (и ги раздвојува) семејствата, туку прави и суптилен начин за поврзување на ентериерот и екстериерот.

Tokio

Домот е соодветно именуван Stairway House, каде гореспоменатите скали ја почнуваат својата приказна надвор од домот, во дворот, а потоа ја „пробиваат“ стаклената фасада и се протегаат сè до горниот дел од третиот кат. Овие скали не се само драматична фокусна точка, туку кријат и многу простории, како што се бањата и вистинското скалило што се користи за пристап до секое од нивоата.

Tokio1

Сместен во тивка станбена област, домот е „турнат“ на задниот дел од парцелата за да му се обезбеди оптимална природна светлина и вентилација. Во исто време, во дворот е зачуван дрвен столб, што е од исклучително значење за семејството. Поделен на три нивоа, домот во приземјето е простор за живеење за постара двојка, што е сосема соодветно бидејќи скалите може да бидат проблем за нив во иднина.

Tokio2

Вториот и третиот кат припаѓаат на помлада брачна двојка која има едно дете и вклучува простор со двојна висина, што великодушно го прифаќа внатрешниот дел од скулпторското скалило. Голем кровен прозорец е на врвот на скалите и создава совршено место за затворена градина.

Tokio3

Tokio4

Испрати коментар

Scroll To Top