Насловна / Архитектура / Претседателот Пендаровски го додели признанието „Инженерски прстен“

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Инженерски прстен“

Вчера во 17 часот претседателот Стево Пендаровски, на најуспешните студенти кои дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини им го врачи признанието „Инженерски прстен“.

IMG_20210628_175532

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски рече:„Верувам дека инженерскиот прстен веќе прерасна во успешен и оригинален проект кој ја остварува првичната цел – афирмирање на инженерските професии и нивното значење за општеството“.

„ Јасно е дека треба нашите приоритети уште повеќе да ги насочиме кон образованието и науката. Комоцијата на потрошувачките општества ја потисна жедта за  учење и знаење и ги релативизираше солидарноста, етичноста и постојниот систем на вредности. Како идни инженери вие треба да бидете фактори на промените и напредокот. Се надевам  дека ќе имате можност да создавате како идни архитекти, машинци, информатичари, технолози, електротехничари, градежни, земјоделски и шумарски инженери при што секогаш пред себе треба да ја имате мислата дека наша заедничка цел е да изградиме поправеден, похуман и поубав свет“, порача претседателот Пендаровски.

IMG_20210628_175823

Признанието „Инженерски прстен“ го доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, чија цел е да се поттикне изучувањето на инженерството со што ќе се придонесе кон создавање на квалитетен инженерски подмладок.

IMG_20210628_175943

IMG_20210628_180117

Овогодинешни добитници на признанието се 12 дипломирани инженери: Марија Петрова од Архитектонски факултет – Скопје; Дејан Геговски од Градежен факултет, Скопје; Маја Шаревска од Машински факултет, Скопје; Моника Фиданчевска од Технолошко-металуршки факултет, Скопје;  Методија Буцевски од Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје; Анита Близнаковска од Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје; Јована Добрева од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје; Елена Соколевска од Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, Скопје; Ана-Марија Стаменкоска од Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Скопје; Елена Стефова од  Природно математички факултет, Скопје; Марија Грујоска од  Факултет за природни и технички науки, Штип и Марија Наумоска Андреска од Технички факултет, Битола.

IMG_20210628_180332

IMG_20210628_180431

фото: КИРО ПОПОВ

Испрати коментар

Scroll To Top