Насловна / Вести / Сите нови згради во Берлин, од 2023 ќе мора да имаат соларни покриви

Сите нови згради во Берлин, од 2023 ќе мора да имаат соларни покриви

Државниот парламент на Берлин усвои закон со кој се воведува обврска за инсталација на фотоволтаични системи за соспстевниците на сите приватни згради и оние чии покриви ќе бидат реконструирани. Прописот стапува на сила на почеток на 2023 година. После повеќемесечни преговори, Претставничкиот дом во Берлин ја усвои регулативата која отвора пат за Берлин да го постигне што е можно побрзо уделот на соларна енергија во финалната потрошувачка на енергија од 25%. Фотоволтаичните системи од 2023 година ќе мораат да покриваат барем 30% од површините на сите нови згради со корисна површина од над 50 квадратни метри. Локалниот закон важи и за сите посериозни зафати на покривите. Локалните власти исто така ќе мора да работат на целосно стопирање на користењето на камениот јаглен најдоцна до 2030 година. Лигнитот е отфрлен уште во 2017 година.

rooftops1

Новиот стандард за станбените единици е најмалку 2kW за едно или две домаќинства, 3KW за пет до три единици и 6kW за шест до десет станови. Законот опфаќа и нерезиденцијални објекти. Наместо кровните фотоволтаични системи, ќе биде можно да се инсталираат и соларни термални колектори или пак фотоволтаиците да се поставуваат на фасадите. Одобрено е исклучување на историските зданија кај кои проектот е неизводлив, како и оние покриви кои се ориентирани на север. Усвоената регулатива вклучува казни во опсег од 5.000 до 25.000 евра за станбени и до 50.000 евра за нестанбени објекти. Критичарите на овие нови мерки во локалниот парламент велат дека тие непропорционално ги оптоваруваат сопствениците на куќи со едно домаќинство и малите компании.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top