Насловна / Архитектура / Општина Центар објави конкурс за идејно решение на локацијата кај „Треска“

Општина Центар објави конкурс за идејно решение на локацијата кај „Треска“

Општина Центар го објави Конкурсот за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за локалитетот Треска.

Програмската задача што е креирана од страна на стручната Комисија ангажирана за изготвување на задачата, има цел да обезбеди комбинирани содржини, односно станбен и деловен фонд во рамнотежа со јавниот простор, како и нови содржини за изградба на нова детска градинка, придружни комерцијални и јавни содржини во функција на домувањето, содржини од областа на културата, зачувување на просторните маркери од локалитетот, зеленило со еколошка функција и одржливост во планирањето на сообраќајот.

Treska lokacija1

Градоначалникот Саша Богдановиќ ја повикува стручната јавност, правните и физичките лица да конкурираат со проекти што ќе овозможат нова станбена заедница и јавен простор со квалитетни урбанистички стандарди, следејќи ги принципите на просторна одржливост за квалитетен економски, социјален и еколошки развој.

Заинтересираните кандидати може да аплицираат во периодот од 24 јуни до 1 септември оваа година. Право на учество на конкурсот ќе имаат домашни и странски физички и правни лица, со услов едно лице да има валидно овластување од областа на урбанистичкото планирање.

Веќе од денес, целосната документација ќе биде достапна на Електронскиот систем за јавни набавки и на официјалната веб-страница на Општината Центар.

Испрати коментар

Scroll To Top