Архитектите на компанијата LASSA дизајнирале куќа наречена KHI во јужниот дел на Пелопонез на парцела со малку наклонет терен, исполнета со маслинови дрвја. Зградата е дизајнирана во форма на буквата Х, која ја дели локацијата во четири различни зони и благодарение на што се обезбедува визуелна интимност и променливо засенчување во текот на денот за секое крило.
Она што го прави овој проект особено интересен е еден непрекинат континуиран ѕид што го формира целиот состав на зградата и е изработен со специјална технологија.
“KHI комбинира два екстремни услови кои се надополнуваат едни со други – дворови што овозможуваат медитативни затворени простори и западно крило и покрив што, за разлика од дворовите, овозможуваат непречен панорамски поглед на морето“, објаснува Тео Сарантоглу Лалис, архитект на LASSA за Archdaily.
Висината на бетонскиот периметарски ѕид варира во зависност од теренот, така што целата зграда е во висина во хармонија со околните маслинови дрвја и така да се овозможи непречен поглед на околината од проодниот покрив.
Западното крило содржи јавни површини, како и голем отвор кон морето и јужната тераса.
Секоја соба има свое продолжение кон надворешноста во форма на тераса или двор, а отсуството на остри агли и континуитетот на периметарскиот ѕид, кој суптилно ги врамува погледите на небото, овозможуваат дополнително чувство на простор.
“Проектот KHI беше нарачан од двојка која е колекционер на уметности, а преку проектот се комбинираше галериска типологија со типологијата на затворените градини во манастирот“, рече Тео Сарантоглу Лалис.
Проектот е спроведен од локални изведувачи, кои имале целосна поддршка од архитектите на LASSA и нивното искуство во дигитален дизајн и производство на нестандардни елементи.
Имено, архитектите соработувале со компанија специјализирана за производи од полистирен, почнувајќи од индустрија до рибарски производи. Оваа стратегија овозможила производство надвор од локацијата со употреба на дигитално сечење на важни структурни елементи како што се бетонските облици што се користеле за формирање на брановиден ѕид, но исто така и за елементи за уредување и мебел по мерка.
Лесната оплата овозможува лесен транспорт и инсталација за само неколку дена и со намалени човечки ресурси. По истурање на бетонот и формирање на брановиден ѕид, целата оплата била исечена и користена како изолација помеѓу ѕидните шуплини и таванот.
Проектот користел локални материјали, бетон и производи од локалната мермерна индустрија.