Насловна / Вести / Редизајниран легендарниот ресторан Ферари во Модена

Редизајниран легендарниот ресторан Ферари во Модена

По двегодишно отсуство, легендарниот ресторан Ферари се враќа на сцената…

2_resize

Познатиот шеф со Мишелин ѕезда, Масимо Ботура и архитектот и дизајнер, Индиа Махдави, се здружија за да го редизајнираат Ferrari Ristorante Cavallino во Модена. Сепак, додека ресторанот е првенствено познат по луѓето кои јаделе во него, новата итервенција ќе стане култен локалитет, и поради гастрономските деликатеси и поради неговиот интересен дизајн.

0_resize

Првпат отворен во 1950 година, веднаш спроти фабриката на славниот бренд, Cavallino со децении постоел како симбол на длабоката посветеност на автомобилскиот бренд Ферари и регионот Emilia-Romanga. Исто така тој бил омиленото место на основачот Енцо Ферари, кој честопати тука ги носел своите ВИП клиенти, возачите на Формула 1 и гостувачкото благородништво. Енцо толку го обожувал ова мест, што неретко се појавувувал и двапати на ден, сè до неговата смрт во 1988 година. Ресторанот продолжил да работи и после тоа, но бил затворен во 2019 година.

7_resize

Сега, благодарение на Ботури и Махдави, Cavallino се враќа на сцената. Париската архитектица се обиде да остане верна на корените на ресторанот, истовремено освежувајќи го за новата ера. Главниот простор се одликува со висок плафон, подови од теракота во во боја на слонова коска и црвени тонови, како и sидови карактеризирани со дабови панели, декорирани со пикселизирани визуелизации на препознатливиот коњ на Ферари и други детали. Приватната соба на Енцо е исто така освежена, а изгледа како да е тукушто направена.

6_resize

3_resize

На дабовите облоги на просториите се потпираат масите, а наслоните на столовите изработени се од жолта кожа со заоблени и графички форми. Ретките славни колекции фотографии, плакати и сувенири го украсуваат ресторанот, откривајќи го духот на местото и приказната позади индустрискиот и спортски пат на Ферари. Новата градина е редизајнирана во соработка со пејзажниот архитект Марко Беј и формира трпезарија на отворено во сенка на перголи. Горе, на кровната тераса се два приватни салона со поглед на фабриката Ферари.

1_resize

4_resize

5_resize

Испрати коментар

Scroll To Top