Насловна / Архитектура / Нова кула како облак на Sou Fujimoto Architects во Шенжен

Нова кула како облак на Sou Fujimoto Architects во Шенжен

Бирото Sou Fujimoto Architects претстави проект за нова кула која наликува на „облак од спреј“ во квартот Qianhaiwan во Шенжен, Кина.

3_resize

Наречена Qianhai New City Center Landmark, кулата од 268 метри делува како орјентир и се состои од 99 поединечни кули кои се поврзани во горниот дел со елемент обликуван во хоризонтална рамнина. Сите овие елементи на кулата исчезнуваат додека се спуштаат надоле.

1_resize

Предложената кула на архитектите од Sou Fujimoto Architects има намера да биде иконичен развој во квартот Qianhaiwan во Шенжен, кој од неодамна бележи огромен урбан развиток.

4_resize

Одржан е конкурс за проект на знаменитата кула, која би била свртена кон заливот. Меѓутоа, на натпреварот, жирито решило да не додели прва награда, одлучиле да ја доделат втората награда со врвен ранг, која ја освои бирото Sou Fujimoto Architects.

2_resize

За својот концепт Sou Fujimoto ја преиспитале природата на кулите и прашале:„Што значи нова кула во 21 век?, Како може кула да евулуира, а и понатамо да привлекува внимание, како што тоа го прави Ајфеловата кула?“

Проектот на Fujimoto истовремно е замислена и со една кула и со збир кули. „Бидејќи е и едно и повеќе истовремено, тоа ја симболизира иднината на општествата во ерата на различностите“, велат од  Fujimoto.

Според архитектите, „повеќето од 99 кули плутаат со ограничени точки на допир со главната кула“. „Спротивно на тоа, врвот на кулата се шири широко.“

5_resize

6_resize

Кога посетителите ќе погледнат одозгора, се чини дека кулата има 99 острови кои лебдат во воздухот. Обликот на кулата наликува на контејнер или цвеќе, група острови, можеби облак од спреј или дури воздушен град во иднина.

Во средиштето, кулата ја формира јадро, кое е рамнотежа на конструкцијата која ја одржуваат периферно лоцираните кабли на затегнување.

7_resize

8_resize

Резултатот дава впечаток на силна хоризонтална рамнина во горниот дел, која постепено исчезнува како се спушта. Кулата има и платформа за набљудување, која функционира како тродимензионален изложбен простор, со ресторан и кафе-бар.

Кулата е од челик, јаглеродни влакна, синтетичко фибер јаже и бетон, додека јадрото на кулата е подржано со челични пренапрегнати кабли.

9_resize 10_resize 11_resize 20200129_SUSTAINABILITY DIAGRAM_DKB 13_resize 20200206_Sky Islands_ Plan -01_ JT Model 20200205_Sky Islands_ Plan 03_ JT

Испрати коментар

Scroll To Top