Насловна / Вести / Плафонски COVID детектори предупредуваат дали некој во просторијата е заразен

Плафонски COVID детектори предупредуваат дали некој во просторијата е заразен

Навистина би било добро кога би постоел ненаметлив начин да се открие дали некој кој се наоѓа со вас во проеторијата е заразн со корона вирусот. Британски научници велат дека имаат решение. Тие развиле плафонски COVID „детектор“, кој за само 15 минути може да открие дали некој е заразен. Sunday Times пренесува дека овој многу прецизен уред, малку поголем од детекторот за чад, може да послужи за скенирање во авионските кабини, читални, канцелариии и сл. Претходните студии на научниците од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина и Универзитетот „Дурхам“, покажале дека точноста на уредите е 98-100%, што го прави доверлив речиси подеднакво како лабораториските PCR тестови за COVID-19, и значително подоверлив од брзите тестови.

coviddetector1

coviddetector2

 

Истражувачите нагласуваат дека нивните резултати се во рана фаза, и допрва следуваат најважните оценувања на нивната работа. Детекторот кој го изработила компанијата Roboscientific од Cambridgeshire, функционира така што ги открива соединенијата кои ги произведува кожата или кои се присутни во здивот на заразените со корона вирус. Овие испарувачки органски соединенија создаваат мирис кој е пресуптилен за да биде почувствуван од човечкото сетило за мирис. Студијата која ја спровел тимот за истражување на COVID детекторот, покажала дека може да бидат почувствувани од кучињата, но дека сепак детекторот е поточен и попрактичен. Sunday Times вели дека детекторите можат да ги откријат луѓето заразени со вирусот кои допрва треба да развијат симптоми. Потребни с е15 до 30 минути з адетекторот да собере доволно примероци од воздухот во една затворена просторија и резултатите веднаш да ги испрати до компјутер или телефон. Монемталната цена на ваков детектор е 5000 фунти.

coviddetector3

coviddetector4

Испрати коментар

Scroll To Top