Интервјуата за работа се стресна ситуација сама по себе, бидејќи никогаш не сте сигурни кои прашања може да ви ги постави потенцијалниот работодавец. Замислете како изгледа разговор за нова работа лично со Илон Маск.
Милијардерот, наводно, им поставува на кандидатите за вработување едно главно прашање кое е смислено така за да се открие потенцијалот на кандидатите додека се наоѓаат под притисок.
Машинскиот инженер Тања Заковиц ја сподели приказната за загатката на Маск на Тик-ток.
Таа навела дека основното прашање за кандидатите кои сакале да работат во „Тесла“ или „Спејс Екс“ е следното: „Стоите на површината на Земјата. Одите милја јужно, милја западно и милја северно. Завршивте точно таму каде што започнавте. Каде сте?'”
Меѓу коментарите кои се најдоа на на објавениот видео материјал се и одговорите на славното прашање на Маск.
Додека некои се шегувале и пишувале дека точниот одговор е: Кина, Индија или Тексас, други посериозно го сфатиле предизвикот. Одговориле дека решението е „Северен пол“ или „Бермудски триаголник“.
Одговорот на прашањето е навистина – „Северен пол“. Сепак, постои уште еден одговор кој е исто така точен, а тоа е – „Јужен пол“.
Тоа е всушност одговорот на второто прашање: „Каде на друго место би можеле да бидете?“.
Додека поголем број кандидати – инженери, воглавном даваат точен одговор на првото прашање, помал број точно одговара на второто.
„Маск всушност ги спроведува низ загатка, до можни одговори, поставувајќи равенки за време на објаснувањето“, изјави биографот на сопственикот на „Тесла“ и „Спејс Екс“ – Ешли Венс.
За среќа, не е важно дали не сте го дале точниот одговор, бидејќи некои кандидати ја добиле работата и покрај фактот дека, како одговор на прашањето на Маск, биле збунети.
Маск всушност ја користи оваа вежба за да види како луѓето пристапуваат кон решавање проблеми и обработуваат на информации.