Честопати се соочуваме со проблем на недостаток на простор во станот. Особено кај нас во последно време, поради понудата на станови на пазарот на недвижнини, каде се поприсутни се станови со квадратури на собите помали од пропишаните со стандарди. Оние кои имаат мали спални соби и немаат место за чување можат да добијат некоја идеја од фотографиите во прилог. Кревет со простор за складирање може да го реши овој проблем и сепак да изгледа добро и да не ја расипе вашата спална соба.
Креветот може да биде вграден простор за спиење на поткровје со две елегантни фиоки за складирање, стандарден кревет со видливи фиоки или кревет на платформа поставена на единици за складирање што создаваат цела гардероба под него.
Креветот може да биде поставен и високо над неколку слоеви фиоки и простори за отворено складирање, што е и пријатна и функционална единица. Додека повисок кревет на кој може со механизам да му се крене леглото во долниот дел може да собере многу работи и е мошне функционално решение.
Исто така заглавиото на креветот може да се постави повисоко и да биде еден вид магацин за складирање со многу фиоки, кој има и двојна улога, како разделувач на простори.