Насловна / Арт и дизајн / Копија од Мона Лиза продадена за 2,9 милиони евра

Копија од Мона Лиза продадена за 2,9 милиони евра

Во петокот на аукцијата „Christie’s“ во Париз, европски колекционер купи копија на Мона Лиза од Да Винчи, од 17 век, за 2,9 милиони евра, рекордна сума за репродукција на слика.

Сликата позната како „Мона Лиза на Хекинг“ името го добила по колекционер кој ја купил репликата во 1950-тите години и безуспешно тврдел дека е оригинал, а дека онаа што се чува во музејот Лувр во Париз е всушност една од многуте репродукции.

„Ова е лудо, копија на Мона Лиза е продадена за апсолутна рекордна сума“, рече портпаролката на „Christie’s“.

На меѓународната аукција учествувале 14 понудувачи и во последниот час понудите се зголемиле од 500 000 на 2,4 милиони евра, пред да падне последната понуда од 2,9 милиони евра.

Оригиналната верзија е во Лувр и не се продава.

мл_resize

Испрати коментар

Scroll To Top