Во Италија е претставен новиот луксузен воз Il treno della Dolce Vita, кој веќе сега многумина го нарекуваат италијански „Ориент експрес“. Патниците ќе ги откриваат убавините на оваа земја, потпрени на прозорците од возот, како во старите и според мислењето на многумина – подобри времиња. Италијанското железничко претпријатие „Трениталија“ во соработка со „Арсенал“, компанија за луксузно хотелиерство, го претстави новиот, луксузен, елегантно опремен воз, во кој ќе се послужуваат врвни специјалитети, и што е најважно, ќе минува низ прекрасни пејсажи. Возот е претставен на новинарите и официјалните лица, на трасата траси Рим–Чивитавекио, што е само мал дел од официјалната траса на возови кои ќе тргнат во 2023 година. Купеата на сите ќе им овозможат атмосфера на италијанска „долче вита“. Пет возови ќе се движат во десетина ралични правци, низ 14 италијански региони, ќе обиколат 128 градови на траса со вкупна должина од 126.000 километри. „бавниот туризам“ – како што е наречен овој проект, ќе ја опфати цела Италија и ќе овозможи на овој начин да се ревитализира туристичкиот сектор после големата криза. Возовите „Долче вита“ имаат по 32 кабини, од кои 20 се апартмани, за вкупен капацитет од 64 патници. Една од трасите е насловена „Патот на тартуфите и виното“. „Нашата цел е ориентирана кон тоа да создадеме нови услови за туристите, за милионите луѓе кои во наредните години ќе ја изберат Италија за своја дестинација. Ова е наѓе ветување и посвета на земјата која нуди фантастична храна, вина и прекрасен пејсаш“ велат од компанијата „Арсенал“. Претседателот на „Трениталија“, додал дека возот е безбедно и еколошко средство кое ги открива најубавите делови на земјата – од големите градови, па до најскриените места.