Овој стан во Москва со површина од 50 квадратни метри е дело на бирото Артјом. Буџетот за проектот бил минимален, па така сите одлуки и решенија во врска со материјалот и изгледот биле што е можно поедноставни.
Архитектите го поделиле станот на два дела: тие ги комбинирале дневната соба и кујната и ги подигнале спалната соба и работниот простор на повисок под од иверица покрај прозорците.
И покрај ваквата поделба помеѓу приватното и јавното, станот се чувствува обединет. Двете зони се прилично компактни и ослободуваат простор во дневниот и работен дел, каде што сопствениците го поминуваат поголемиот дел од своето време.
Висок остров во средина на собата ја прави кујната невидлива од дневната соба. Спалната соба е одделена од кујната и дневната соба со преграда од LED цевки дизајнирана од Артјом. Бојата на цевките може да се менува со компјутер.
Архитектите избрале да користат природни материјали за завршната обработка и мебелот: дрво, микроцемент и природни бои, додека плафонот е оставен во натур бетон. Сопствениците сами го украсиле станот со слики и растенија, но килимот во дневната соба архитектите го донеле од Мароко.
На двете страни на троседот има две комоди со тркала. Кога се поврзани, тие формираат дополнителна маса.
Артјом проектирале и изработиле одредени елементи на мебелот, вклучително и мини-сауната во бањата.