Архитектонското биро од Лисабон, Bak Gordon Arquitectos ја заврши куќата која делува како замок со вдлабнати волумени во сувиот пејзаж на Alentejo, Grândola, Португалија.
Наречена House in Grândola, оваа куќа со површина од 375 квадратни метри е покриена со варов малтер со црвен пигмент, кој внесува леснотија и глаткост во просторите.
Куќата изгледа како огромен волумен, но нејзината масивност се намалува со одземање на делови од волуменот, има големи прозорци и отвори за да се намали овој ефект.
Во основа проектарина во форма на буквата Т, одозгора, делува како птица која се подготвува да полета. Централниот двор станува простор кој одзема здив.
Од другата страна на ѕидот, архитектите ги проектирале социјалните простории на куќата, додека две простории делуваат како преодни места помеѓу внатрешноста и надворешноста, наменети за секојдневниот живот.
Архитектите сместиле различни приватни простори околу малото внатрешно патио. Врз основа на пристапот на едноставност и минимализам, куќата е покриена со варов малтер и од надвор изолирана со плута.
„Обликот и геометријата на просторот, истакнатите отвори и материјалноста и даваат на куќата чувство кое тешко се препознава од сликите“, велат од Bak Gordon Arquitectos.
Внатре, архитектите избегнуваат да користат премногу мебел и елементи, се користат во простори само онамо каде што е неопходно. Во дневната соба гарнитурата за седење е направена од кожа, така што ја надополнува истата палета на бои.
Глаткоста на ѕидовите се согледува во ентериерите кои носат континуитет. Големите отвори, перципирани одвнатре, создаваат поинаква атмосфера и нудат различен вид простор за седење и одмор на крајот од денот.
На задната страна, има голем отворен базен кој ја надополнува целокупната геометрија на куќата. Овој дел од куќата се наоѓа на падина и ја задржува приватноста од задната страна.
Од предната страна на куќата, до влезот може да се стигне преку скали, голема патека ги пречекува посетителите.