За време на велигденскиот празник се очекува зголемен пристап на граѓани околу верските објекти поради што ќе биде засилено присуството на сообраќајната полиција.
Во оваа насока, денес, сабота, на 19 април, од 19 до 02 часот ќе биде пренасочен сообраќајот околу соборниот храм „Св. Климент Охридски“ и тоа на булевар „Партизански одреди“ на потегот од крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт“, кај „Симпо“, се до крстосницата со булеварот „ВМРО“ и зградата на Македонски пошти и на булеварот „Климент Охридски“ на потегот од крстосницата со булеварот „Илинден“, кај Владата на Република Македонија, се до крстосницата со улицата „Димитрие Чуповски“ кај студентскиот дом.