Министерството за образование и наука распиша јавен повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште”. На повикот може да аплицираат сите основни и средни училишта на територијата на Република Македонија.
Училиштата кои ќе аплицираат за изборот треба да се дел од „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ (ЕКО училиште) како и да имаат учествувано на најмалку три проекти или работилници кои опфаќаат некоја од следниве области: здрава и еколошка средина, безбедност, ненасилство, разрешување на конфликти и слични содржини.
Училиштата кои ќе аплицираат треба да ги исполнуваат следните критериуми:
1. Одржување на зградата и здрава внатрешна средина;
2. Уреден и еколошки двор;
3. Безбедни/сигурни услови за престој и работа во училиштето.
При аплицирањето, секое училиште треба да ја пополни апликацијата кој е поставена на Веб страницата на Министeрството за образование и наука, најдоцна до 10 мај 2014 година. За избор на „Најбезбедно и најчисто училиште”, ќе биде формирана посебна комисија во министерството. По доставените апликации комисијата ќе изврши увид во самите училишта, со цел да се потврдат доставените докази во прилог на апликацијата.