Насловна / Архитектура / Најголемиот стаклен базен е во Лондон

Најголемиот стаклен базен е во Лондон

За некои, лулањето во стаклена кутија на висина 35 метри над улиците на Лондон е кошмар, а за други, тоа е ултимативен статусен симбол.

Sky Pool е транспарентен базен, долг 14 метри, распнат помеѓу две станбени кули високи 10 ката во четвртта Nine Elms во југозападен Лондон, а ќе биде отворен само за среќните жители на овие објекти и ќе работи 24 часа.

1_resize

Станива збор за најголема самостојна структура на акрилни базени во светот со што е прикажан и новиот развој на Embassy Gardens на компанијата EcoWorld Ballymore. Просторот околу базенот ќе вклучува барови, ресторани и продавници.

2_resize

Сместени покрај американската амбасада и блску до јужниот брег на Темза, капачите ќе можат да имаат поглед на лондонскиот хоризонтот, вклучително и на London Eye и Westminster.

Базенот е произведен во Колорадо, САД и поминал околу 8.000 километри до својот нов дом, длабок е 3.2 метри и само водата, тежи околу 375 тони.

3_resize

Структурата е дело на архитектите од Arup Associates, инженерите од Eckersley O’Callaghan и проектантите на аквариум Reynolds. Arup се познати за сложените архитектонски предизвици – еден од нивните позначајни проекти е Операта во Сиднеј.

4_resize

Базенот поминал опсежни испитувања на притисок во фабриката Reynolds пред да патува за Велика Британија по море. Потоа е подигнат со кран од 750 тони, поддржан со кран од 50 тони.

5_resize

„Подигнувањето беше прецизен процес, бидејќи дозволената толеранција изнесуваше само 30 сантиметри при инсталирање на базенот во неговата челична рамка“, велат од Ballymore.

„По серија технички цртежи и анализи на однесувањето, одлучено е за димензиите на базенот“, велат од Embassy Gardens.

6_resize

Испрати коментар

Scroll To Top