Во галеријата Albemarle деновиве беше отворена изложба посветена на еден од најпознатите сликари од овие простори, Мерсад Бербер. Познатата галерија е сместена во Mayfair во Лондон, а Мерсад Бербер таму изложува од 1998 година. Негова последна изложба во овој простор била организирана во 2009 година.
Овој пат се работи за ретроспективна изложба која вклучува 45 слики направени во осумдесеттите години на минатиот век, па се до неговите последни дела. Ова е прва меморијална изложба по ненадејната смрт на сликарот во 2012 година.