Меѓународната унија на архитекти (UIA) го прогласи добитникот на Златниот медал и на петте награди на UIA. Златниот медал му припадна на бразилскиот архитект Paulo Mendes da Rocha. Наградите ќе бидат врачени на 27-от Светски конгрес на архитекти на UIA (UIA2021RIO), кој ќе се одржи во Рио де Жанеиро, Бразил од 18 до 22 јули, а Mendes da Rocha ќе учествува на главното предавање.
Paulo Mendes da Rocha (1928) одликуван е и со други значајни награди, како Прицкер во 2006 година, наградата Мис ван дер Рое во 2000 година и Златниот лав на Венецијанското биенале за животно дело во 2016 година и е првиот Бразилец кој ја доби оваа награда.
Pinacoteca do Estado de São Paulo
Некои од неговите најзначајни проекти се: Бразилскиот музеј за скулптури (1988), реновирање на галеријата во Сао Пало, отворена во далечната 1905 година (Pinacoteca do Estado de São Paulo), Центарот за култура на Федерацијата на индустрии на Сао Паоло (1996), Музеј на португалски јазик во Лисабон (2006), SESC 24 de Maio, предградие на Сао Паоло и многу други.
Бразилскиот музеј за скулптури
Жирито го цени единствениот статус на Mendes da Rocha како смел борец за архитектурата. Во соопштението на UIA се вели: „Златниот медал на Paulo Mendes da Rocha, претставува пример на животен успех, кој трае седум децениии и кој ја потенцира архитектурата како јавен чин“
Музеј на португалскиот јазик
За својата работа Mendes da Rocha ќе зборува на Светскиот конгрес на архитектите во Рио – со тема – Сите светови. Еден свет. Архитектура 21 – за што ќе разговара на главното предавање со бразилскиот архитект Carla Juaçaba и португалскиот добитник на наградата Прицкер, Eduardo Souto de Moura.
Центарот за култура на Федерацијата на индустрии
SESC 24 de Maio