Насловна / Вести / Виена добива нов кварт како одговор на климатските промени

Виена добива нов кварт како одговор на климатските промени

Новиот станбен кварт во третиот виенски кварт под името „Село во третиот“ (Village im Dritten), ќе биде изграден до 2026 година, а се предвидува дека во овој одржлив животен простор ќе живеат околу 4.000 луѓе. Градот Виена и ARE Austrian Real Estate ќе изградат 1900 станови, од кои 800 ќе ги финансира Градот, на површинa од 11 хектари. Покрај класичните субвенционирани станови, исклучително поволните „смарт“ станови и градските социјални станови, ќе се реализираат посебни облици на домување за самохраните родители и млади луѓе, како и групен градежен проект со инфраструктура по мерка.

dritten1

Основниот концепт на проектот е одржлива градба како одговор на климатските промени, што подразбира озеленување на фасадите и покривите, регулирање на температурата на зградите и користење на обновливи извори на енергија. Новиот градски кварт ќе биде „лабораторија“ која ќе испроба различни мерки, а некои од нив во индина ќе станат стандард. „Село во третиот“ ќе располага со многубројни заеднички објекти и тераси, паркови, фитнес понуда, спортски терени и зони за домашни миленици. Во рамките на квартот ќе се наоѓа градинка, социјални установи, продавници и ресторани, а освен тоа во близина се наоѓа и главната железничка станица. Во непосредна близина ан „Село во третиот“ се наоѓа најголемата населба со пасивни објекти во Европа со 700 субвенционирани станови изградени во 2007 година.

dritten2

dritten3

 

Испрати коментар

Scroll To Top