Петте водечки европски мобилни оператори, ги здружија силите и ја претставија новата пан-индустриска Eco Rating шема, која ќе им помогне на потрошувачите да ја утврдат и споредат одржливоста на своите мобилни телефони и така да ги поттикнат производителите на намалување на негативните влијанија врз животната средина. Eco Rating иницијативата заеднички ја покренале Deutsche Telekom, Orange, Telefónica, Telia Company и Vodafone со цел на корисниците да им овозможат релевантни информации за влијанието врз производството, користењето, транспортот и згрижувањето на соодветниот отпад врз животната средина. Eco Rating им пружа на операторите и нивните корисници детален увид во одржливиот рејтинг на уредите. иницијативата прави евалуација на низа нови мобилни телефони од 12 брендови, а се очекува вклучување и на нови. Моментално вклучени партнери се: Bullitt Group, Doro, HMD Global – Home of Nokia Phones, Huawei, MobiWire, Motorola/Lenovo, OnePlus, OPPO, Samsung Electronics, TCL/Alcatel, Xiaomi и ZTE.
Мобилните оператори од јуни 2021, ќе започнат со воведување на посебен Eco Rating систем на означување, на продажните места во 24 европски земји. Повеќе информации за оваа иницијатива и начинот на пресметка на оваа оценка, корисниците можат да дознаат на веб страната www.ecoratingdevices.com.