Насловна / Вести / Шилегов: Граѓаните не гледаат, но тунелот под Старата железничка станица се гради

Шилегов: Граѓаните не гледаат, но тунелот под Старата железничка станица се гради

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов најави дека Град Скопје на средината од 2022 ќе започне инфраструктурно да ја поврзува подземната сообраќајница која ја гради Лимак Скопје и која е дел од мултифункционалниот проект „Diamond of Skopje“.

„Она што вие не го гледате во моментов, а тоа се одвива, е изработката на тунелот под Старата железничка станица, а ние како Град Скопје некаде на средината на следната година ќе започнеме да работиме на конектирањето на тој тунел со останатата инфраструктура. Тоа е тунел кој ја поврзува „Иво Лола Рибар“, односно „Васил Гологанов“ со Кисела Вода“, рече градоначалникот на денешната прес-конференција.

Овие проекти, според Шилегов, ќе овозможат низ Мал Ринг граѓаните да се движат без сообраќај.

л1_resize

Во време на ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година беше продадено државното земјиште, но со години не се градеше, а властите од СДСМ во 2018 година лани наплатија комуналии за сите предвидени објекти и издадоа одобренија за градење и покрај мораториумот за градење во Центар.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, веднаш по продажбата на земјиштето во 2012 година ги уверуваше граѓаните дека инвеститорите прво имаат обврска да ја изградат подземната сообраќајница и дека нема да дозволи тие да си ги изградат комерцијалните содржини над земја, а да не ја градат, бидејќи се обврзале прво сообраќајницата да ја изградат, а дури потоа да почнат да ги градат другите содржини.

л_resize

„Според распоредот за изградба на ‘Лимак’, подземната сообраќајница ќе биде прва точка од проектот на ‘Лимак’, кој ќе се гради на парцелата 1.1. ‘Лимак’ прво ќе ја гради подземната сообраќајница на секвенци на парцелата 1.1 и ќе работи нагоре за да ги комплетира паркинзите, а дури потоа ќе почне со активности за изградба на станбените објекти и трговскиот центар кои е предвидено да се наоѓаат на ова место. Според инженерите, ова е сосема изводлив проект. Планирано и буџетирано е дека ‘Лимак’ ќе инвестира до 250 милиони евра за да го заврши овој проект“, изјавија од „Лимак“ своевремено за „Макфакс“.

Официјално изградбата на комплексот кај Јужен булевар почна во септември 2018 година и инвеститорите најавија дека подземната сообраќајница ќе биде готова за 20 месеци, односно до средната на 2020 година.

Испрати коментар

Scroll To Top