Насловна / Вести / Фотографии поради кои во овој момент би легнале во поле со сончогледи

Фотографии поради кои во овој момент би легнале во поле со сончогледи

Легендата вели дека сончогледот го создал богот на сонцето Аполон, претворајќи ја девојката која била вљубена во него во овој цвет, за да може да го следи сонцето секој ден во неговиот поминување по небесниот свод.

5_resize

Античките Маи го обожувала сончогледот како симбол на светлина и плодност, а и денес овој волшебен цвет ги симболизира сонцето, летото, среќата, ведрината.

Сончоглед и расте само во лето, од јуни до септември, и не може да живее без сонце. Во текот на денот тој се врти кон сонцето, а навечер нежно ја наведна главата и така го чека утрото. Неговото име Helianthus, кое се користи во ботаниката, доаѓа од грчкиот збор helios, што значи „сонце“.

1_resize

Овие денови полињата со сончоглед ќе бидат во целосен цут и ќе воодушевуваат со својата убавина. Илјадници жолти сончогледи ќе се вртат кон сонцето, впивајќи ги неговите зраци кои ги хранат, ќе го следат секое негово движење и кога ќе почне да заоѓа, како обединета војска, тие ќе ги спуштат главите и ќе одат да се одморат …

7_resize

Некои од најубавите сончогледови полиња се наоѓаат на југот на Франција, па од нив и Ван Гог црпел инспирација.

Кога во моментот не можеме да лежиме во поле со сончогледи, малку да уживаме во фотографиите, кои се вистински празник за очите и душата.

2_resize

3_resize

4_resize

9_resize

8_resize

Испрати коментар

Scroll To Top