Кога го уредувала сопствениот стан во Париз, познататa архитектка и дизајнерка на ентериери Paola Navone, посакала да создаде простор кој ќе биде посветен на нејзините бројни патувања. Егзотичните декоративни предмети кои ги донела од целиот свет, внимателно се распоредени во овој рустикален амбиент, што личи на куќа за одмор во некое живописно село.
Во спалната соба доминира медитеранското влијание, додека пространата дневна соба е збогатена со детали донесени од Азија. Неполираните дрвени подови даваат топлина на просторот, а големите прозорци обезбедуваат константно присуство на дневната светлина, што го прави овој стан повеќе прозрачен, светол и удобен за домување.