Насловна / Архитектура / Куќа на рид што не оставува никого рамнодушен

Куќа на рид што не оставува никого рамнодушен

Инспирирана од стаклената куќа на Филип Џонсон, овој прекрасен објект е роден од урнатините на рустикална куќа лоцирана на рид со божествен поглед на околината.

kuka

Првично замислена како дом со минималистичко-натуралистички пристап, оваа куќа наскоро стана исклучително модерна зграда родена од професионалното пријателство на милански архитект и локален дизајнер. Проектот прво вклучувал обновување на мала рустикална куќа која се наоѓала на прилично предизвикувачка, ридска локација, па една од целите била да се задржи оригиналниот земјоделски, рурален дух и да се прилагоди на веќе постоечкиот егзотичен терен.

Куќата се наоѓа на површина од околу 80 квадратни метри и со отворање на лизгачки стаклени sидови е можно да се прошири за уште 50. Флексибилноста на проектот е она што го прави овој објект идеален за деловни состаноци и за создавање интимна атмосфера за читање или вежбање јога.

kuka3

Архитектонскиот систем е создаден во корист на правилните соларни придонеси, обликот на подовите што се протегаат надвор од таканаречениот стаклен кабинет е дизајниран да заштитува целосно од сончевото зрачење во текот на летото. Покрај имплементацијата на оригиналниот камен, кој на целата куќа и дава неодолив рустикален изглед, користени се и одржливи материјали кои намерно биле оставени недовршени – како бетон за конструкција и подови, како и иверица од бреза што се користела и за мебел и за обложување на куќа.

kuka4

Софистицираните архитектонски и структурни решенија, иако не се видливи однадвор на прв поглед, овозможуваат интеграција на куќата со високо ефикасни решенија и материјали насочени кон отстранување и корекција на можните термички недостатоци.

kuka1

На овој начин, се добил импресивен краен резултат, и тоа е дом исполнет со систем со високи перформанси кој не само што гарантира еколошка удобност во текот на целата година, туку исто така привлекува погледи во секое време од денот или ноќта.

kuka2

kuka5

Испрати коментар

Scroll To Top