Paper Lounge Chair е родена од дизајнерски експеримент. Резултат е на истражување на дизајнерот Marco Sousa Santos, како лист хартија може да стане цврст кога ќе се свитка. Тој играл со геометрија на тенка хартија, која станува посилна кога е свиткана во одредени точки и насоки.
Силната структура се постигнува со спојување на метален лим, ласерски исечен, свиткан и заварен во неколку скриени точки на екструдирана метална цевка со квадратен пресек.
Столицата Paper Lounge Chair превслечена е со водоотпорна обработка на метал и лакирана во различни бои за внатрешна и надворешна употреба. Столицата е со димензии 58 x 70 x 75 сантиметри, а висината на седењето е 35 сантиметри.