Сместен на осум километри од центарот на Париз „Connected House“ е модерен дом инспириран од структурата на дрвото. Се карактеризира со двојна фасада која се состои од неколку различни делови. Проектот е направен од архитектонската фирма Jakob + MacFarlane.
Зградата е уште една во низата експериментални станови во областа, како нејзиниот модернистички сосед, станбената зграда „mmeuble Molitor“, која се наоѓа на списокот на УНЕСКО и е дело на Ле Корбузиер. Освен што новата зграда има интересен изглед, таа е дизајнирана со цел да троши помалку енергија, па затоа е слично опремена со интелигентен систем за автоматизација на домот и подземни системи за вода што снабдуваат греење, климатизација и слично.
Архитектите создале иновативен дом кој комбинира биомимикрија, енергетски ефикасни системи и модерен дизајн во единствен простор за живеење. Зградата е завршена во 2017 година. Зафаќа површина од 750 квадратни метри. Се состои од три ката, подрум и кровна тераса. Надворешни тераси и балкони се вметнуваат помеѓу двете фасади. Надворешната метална фасада, која се состои од неколку делови, обезбедува приватност и создава засолниште за простории што се застаклени во полна висина.
Главните простори во внатрешноста на зградата се шират како слоеви на дрво, од централното циркулирачко јадро, т.е. неговото срце до надворешната фасада, односно на неговата кора. Метафората на дрвото продолжува во пресекот, каде што земјата лежи на разгранета цевна структура. Оваа конструкција е дизајнирана како тродимензионална матрица која станува егзоскелет.
Поради наследството и историскиот карактер на авенијата, архитектите рекоа дека ја зачувале постојната црна метална ограда и засадиле грмушки и големи дрвја околу парцелата.