Насловна / Вести / Се прават армирано-бетонски платформи во Градиште

Се прават армирано-бетонски платформи во Градиште

На социјалните мрежи, „Глас за спас на Охрид“ реагира дека во авто кампот Градиште се прават армирано-бетонски платформи на кои се поставуваат контејнери како на фотографиите кои се фиксни објекти.

gradiste

“Низ цело Градиште на Охридското езеро се граделе нови армирани бетонски платформи, за поставување на вакви контејнери. Узурпаторите на земјиштето во Градиште им се заканувале на сите баратели на имот во процес на денационализација да не влегуваат, и да не ги снимаат и сликаат нелегалните градежни активности.

gradiste1

На ваков начин насилните узурпатори ги присвојуваат природните убавини, ресурси и богатства, а со новиот закон ќе им се даде правна основа за тоа, и ќе ги заштити од казниви дела“, нагласуваат од „Глас за спас на Охрид“.

Од таму посочуваат дека ова се случува точно една година од кога излезе скандалот со парапетчето што узурпаторите го градеа во Градиште за време на полициски час. Одговорност мора да има!, велат од „Глас за спас на Охрид“.

gradiste2

gradiste3

Испрати коментар

Scroll To Top