Насловна / Вести / Словачка: Дозвола за трет блок во нуклеарната електрана „Моховце“

Словачка: Дозвола за трет блок во нуклеарната електрана „Моховце“

Словачката канцеларија за надзор на нуклеарната енергија (UJD), издаде дозвола за пуштање во погон и приклучување на мрежа на третиот реактор во нуклеарната електрана (НЕ) „Моховце“ која e во сопственост на електроенергетската компанија Slovenské elektrárne (SEAS).

mohovce1

Моќноста на третиот нуклеарен реактор НЕ „Моховце“ е 471 MW, што е доволно за покривање на приближно 13% од вкупната електрична енергија во Словачка. Така Словачка прв пат после 2007 година ќе стане самоодржлива во снабдувањето со електрична енергија.  Во тек е изградбата на четвртиот нуклеарен реактор во НЕ „Моховце“ кој е завршен приближно 90%. Инаку, изградбата на третиот и четвртиот реактор во таа нуклеарна електрана започнала уште на крајот од 80-тите, но во текот на 90-тите години била запрена.

mohovce3

 

Испрати коментар

Scroll To Top